Menu

Хотел Melisa Gold Coast- Псакудија 2026

цена од

762

EUR

сега од

178

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
24.05.2026
20.09.2026
Автобус
Хотел

Мелиса Голд Коуст се наоѓа на почетокот на Ситонија. Плажата Псакудија со сино знаме е долга 4км и  е совршена дестинација за семејни одмори , нуди лежалки, чадори и спортови на вода, се наоѓа на само 80 метри.

Псакудија има само една главна улица која се протега покрај плажата во која се сместени неколку таверни, додека на плажата се наоѓаат одлични барови и кафулиња со убаво уредени градини, како и неколку продавници.

Сите соби во Мелиса Голд Коуст имаат приватен балкон или тераса со поглед на заливот Торонеос или добро одржуваната медитеранска градина на хотелот или неговиот базен. Телевизори со рамен екран со сателитски канали се достапни во секоја соба. Собите се наоѓаат во една од 4-те главни згради.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања (цени за наем)
  • Клима
  • Wi-Fi
  • Користење на базен за возрасни и деца

Што не е вклучено во цената

  • Организиран превоз
  • Превоз за возрасен повратен билет Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија- 55 еур / 50 еур во еден правец
  • Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 45Еур / 40 еур во еден правец
  • Храна
  • Туристичка такса 14 eвра од соба за 7 ноќевања и  се плаќа на рецепција.
  • Лежалки и чадори за на плажа со минимална доплата

План и програма

Сместување

Melissa Gold Coast

Мелиса Голд Коуст се наоѓа во живописното место, наречено Псакудија, кое се наоѓа на вториот крак на Халкидики, Ситонија. Хотелот се состои од четири главни згради, со поглед на боровата шума,опремена кујна за подготовка на лесна храна и базен и е  на само 80 метри до плажата. Различни типови на соби, рецепција, базен, хидромасажа, детски базен, бар покрај базен, ресторан, бар на плажа со игралиште, лежалки и чадори и спортови на вода.

Хотелот располага со :

  1. Студио бр.305 во зграда C, двокреветно студио со 2 единечни 1 една фотелја на суштање. Студиото има поглед кон градината и базенот, има балкон, се наоѓа на втор спрат и има 27 метри квадратни. Максимално дозволено сместување е на 2 возрасни лица и 1 дете до 6 години. На барање можно е да се стави и креветче за бебе но само во случај доколку не е пуштена фотелјата.
  2. Фамилијарен мазонет бр.309 во зграда C, со 5 единечни кревети, 2 кревети на приземје заедно со кујната и на горниот спрат 3 единечни кревети. Собите не се одделени со врата. Мазонетот има поглед на задниот дел од градината кон улица, и се наоѓа на приземје со тераса , со 38 метри квадратни. Максимално сместување е на 5 возрасни лица и 1 бебе до 1.99 години.
  3. Студио бр.404 во зграда D, двокреветно студио со 2 единечни 1 една фотелја на суштање. Студиото има поглед кон задниот дел од градината и улицата, се наоѓа на втор спрат и има 28 метри квадратни и има балкон. Максимално дозволено сместување е на 2 возрасни лица и 1 дете до 6 години. На барање можно е да се стави и креветче за бебе но само во случај доколку не е пуштена фотелјата.
  4. Студио бр.408 во зграда D, двокреветно студио со 2 единечни кревети. Студиото има поглед кон задниот дел на градината и улицата и има 20 метри квадратни, се наоѓа на приземје со тераса. Максимално сместување е на 2 возрасни лица и бебе до 1.99 години. За бебето не е возможно поставување на бебешко креветче и истото спие со родителите во кревет.
  5. Џуниор апартман бр.209 во зграда B, апартман со 2 оделни спални соби, една со брачен и втора со два единечни лежаи.Апартманот има панорамски поглед на море и се наоѓа на трет спрат и има 60 метри квадратни. Има еден балкон и една тераса со поглед на морето.Максимално сместување е на 4 возрасни лица. Нема кујна и нема бебешко креветче.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 16.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 10.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е настаната штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место на рецепција.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

499

EUR

сега од

399

EUR